КВАЛИТЕТНИ, БРЗИ, СИГУРНИ И ДОСТАПНИ БИЗНИС РЕШЕНИЈА.
Информатички услуги, Информатичка поддршка и реализација на проекти
Управувани ИТ услуги
Повеќето мали и средни бизниси го немаат на располагање луксузот на огромни буџети и значителни ресурси. Не сите мали бизниси можат да си дозволат скапи сервери и друга поврзана опрема, како и технички персонал потребен за поставување, управување и одржување на внатрешен ИТ оддел. Вината за тоа е ограничениот простор и главно тесните буџети. Доколку сте мала или средна фирма, секое вложување во ИТ опрема, софтвер или компјутерска мрежа, за вас тоа претставува голема инвестиција. Од овие вложувања, вие очекувате подобрување на работните процеси и поедноставување на начинот на работа, со што и вашата успешност ќе биде поголема. Со текот на времето, ИТ опремата станува суштинска неопходност во вашата работа и со право очекувате таа да биде секогаш достапна, ефикасна и што е најважно, безбедна и сигурна. Дали сето ова значи дека сите мали бизниси мора да бидат подложени на супстандардна ИТ поддршка или постојан застој во работењето или пак безбедносни проблеми? Секако дека не.Со нашите управувани ИТ услуги и нашиот тим на ИТ професионалци, вие секогаш ќе го имате највисокото ниво на ИТ услуги, според Вашите потреби.
Што се управувани ИТ услуги?
Управуваните ИТ-услуги им овозможуваат на фирмите и организациите да ги доверат своите ИТ потреби и проблеми на надворешен партнер во вид на услуги со договор или соодветна претплата. Овие услуги, исто така можат да се користат при зголемен обем на работа на сопствените тимови, за да надополнање на истите или комплетно замена на сопствените ИТ тимови, за некоја задача и потреба. Управуваните даватели на ИТ услуги можат да бидат корисни за обезбедување 24/7/365 покривање на ИТ должностите и може да придонесат со специјализирано знаење или експертиза што не е достапна и редовно потребна во фирмите и организациите.
Управуваните ИТ услуги овозможуваат луѓе, процеси и технологии потребни за поддршка на ИТ-околината на организацијата. Тие се скалабилни и прилагодливи на секој корисник и обично вклучуваат мрежен дизајн, поддршка на крајниот корисник и решение на проблемите што ги имаат, администрација на мрежата, следење на ИТ околината и основните технологии за заштита како firewall и антивирусни решенија.
Проектирање на потребите, набавка и одржување на информатичка опрема
Проектирање на вашите потребите за набавка на ИТ опрема е наша задача.
ЗАСТАПНИШТВО И УСЛУГИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР
Cоработуваме со меѓународни клиенти и ексклузивно застапуваме фирми на македонскиот пазар. Наша обврска е да им помогнеме на нашите клиенти во настапот на Македонскиот пазар и реализација на нивните проекти и проектни задачи. Со нашата активност, експертиза и знаење, на нашите клиенти им нудиме нови можности успешно да ги достигнат нивните цели.
Нашата цел е да воспоставиме мостови и да поврземе бизнис партнери.