
Милениум КГ Интертрејд е фирма основана во Скопје, Македонија во 1990 година. Со текот на годините и развојот, се профилираа неколку сектори во кои фирмата е присутна и успешно работи, а тоа се претприемништво, застапништво, трговија на големо и учество во развојни проекти, пред се во ИТ индустријата.
Денес, главната дејност на Милениум КГ Интертрејд е застапништво на странски фирми на македонскиот пазар и реализација на проекти во информатичкиот сектор и тоа од нивно обмислување и креирање, воспоставување на процеси за работа, проектирање и набавка на потребната опрема, се до конечна реализација.
Cоработуваме со меѓународни клиенти и ексклузивно застапуваме странски фирми на македонскиот пазар, од повеќе гранки. Во аутомотив гранката, Милениум КГ Интертрејд на македонскиот пазар е присутна повеќе од 15 години, како дистрибутер на високо квалитетни потрошни материјали и алати, од познати светски добавувачи, за авто сервиси и фирми за одржување.
Контакт
Милениум КГ Интертрејд
Козле-9, бр.23, MK-1000, Скопје, Македонија
тел. +389 2 2050-730
моб. +389 75 234-752, +389 75 30-21-31
Работно време:
секој работен ден од 8 до 16 часот, Сабота, од 9 до 14
e-mail: mileniumkg(at)mileniumkg.com.mk
e-mail: contact(at)mileniumkg.com.mk